Скопје

Без вода утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Ново Лисиче

Без вода утре од 08:30 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од дел од населба Кисела Вода, високата зона во населба Аеродром и населба Ново Лисиче, во општините Аеродром и Кисела Вода.

bez-voda

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради дефект на водоводна цевка со пречник 700 мм на улица „Христо Татарчев“ во кругот на ЈП „Улици и Патишта“.