Скопје

Без вода утре дел од Припор

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците  кои добиваат вода од резервоар Припор 2.

 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект цевка ф- 125мм на потисна мрежа помеѓу резервоари Припор 1 и Припор 2 и ќе трае се до санирање на дефектот.