Скопје

Без струја утре делови од Карпош Сарај и Студеничани

Без струја утре ќе бидат корисници на делови од општините Карпош, Кисела Вода, Студеничани и Сарај, соопштија Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Студеничанска во општина Кисела Вода, како и дел од корисниците од село Шишево во општина Сарај.

Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 08:30 до 12:00 часот, ќе имаат корисниците од ул. Никола Парапунов бр.3 и бр.5. во општина Карпош.

Без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците 1, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.