Скопје

Без струја утре делови од Карпош и Центар

Без електрична енергија утре од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Женевска“, во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Без струја од 11:30 до 14:00 часот ќе останат и корисниците од дел од  улица „Даме Груев“, кај ТЦ Палома Бјанка, во општина Центар.