Скопје

Без струја дел од Кисела Вода, Аеродром, Чаир и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електро-мрежата без елетрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општина Кисела Вода, Аеродром, Чаир и Ѓорче Петров.

без струја

Без струја во периодот од 11:00 до 13:00 часот че останат корисниците од улиците Франк Харкорт – Манинг, Георги Димитров и ОУ Круме Кепески со околината, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 2 во село Долно Лисиче, од 08:00 до 13:00 часот корисниците од улиците Архиепископ Ангелариј и Подраѓе и Старата Скопска Чаршија, од 08:30 до 15:30 часот корисниците од ул. Антон Попов и објектите во околината, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од Бул.

Видое Смилевски Бато со броевите 79 и 77 и околните објекти, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од фирмите Имел Фарм и Терзи Компани во Стенковец, од 13:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Владимир Комаров и околните објекти и од 09:00 до 11:00 часот корисниците од улиците Козјак и Христо Татарчев.