среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 50
home Скопје

Автобусите 50 и 57 ќе стојат во ГТЦ

Автобусите 50 и 57 ќе стојат во ГТЦ

Автобуските линии 50 и 57 повторно ќе стојат во Градскиот трговски центар, ибјави порталот СДК.мк.

Град Скопје заедно со новото раководство на ГТЦ ќе ја враќаат автобуската станица во трговскиот оти дуќанџиите се жалеле дека немаат работата откако постојката е преместена спроти поранешна Градска болница. Автобуските линии 50 и 57 добија нова станица откако беа набавени двокатните кинески автобуси бидејќи не ги собираше да влезат во подрумот на ГТЦ.

„Ова е само една од мерките кои ќе ги преземе за да го вратиме стариот дух на трговскиот и повторно да го заживееме. Дуќаните долу немаат работа, ќе се постават рампи и нема да може да се паркираат возила туку само ќе биде дозволен влез за автобусите. Во изминативе четири месеци ги ставивме во функција лифтовите кои беа технички неисправни. Во моментов се менува мермерот низ трговскиот, се попрaваат ескалаторите и се бојадисуваат столбовите и внатрешната фасада. Ќе ја вратиме сината боја како што беше во минатото“, вели Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ.