Освежено 21:07:24
Среда, 30 Јули 2014
Вести денес: 134

Најрепрезентативното место во месната заедница Бирарија, паркот каде некогаш постоела најстарата пиварница во Скопје, вчера светна во ново руво.

sl5002-19.11.2012

Општината Кисела Вода во изминатиот период интензивно работеше на реконструкција и реновирање на паркот со замена на сите оштетени клупи и корпи за отпадоци, како и со поставување на нови детски реквизити за најмладите (лизгалка, лулашка и клацкалка). Истовремено, се изврши и реновирање на летниковецот со кружната клупа, збиралиштето на пензионерите од овој дел од Кисела Вода.

Реконструираниот парк во употреба го пушти градоначалникот на општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари на претставниците од месната заедница за одличната организација. Тој посочи дека оваа инвестиција е на барање на сите жители од Бирарија, особено на пензионерите, кои во изминатиот период доставија и официјално барање до општината за реконструкција на оваа јавна површина.

sl3-15009.11.2012

Во паркот се изврши и реконструкција на зеленилото кое беше збогатено со три цветни алеи од зимзелени и декоративни растенија. Истовремено, беше поставено и симболично обележје „Кригла“, која ја симболизира првата пиварница во Скопје изградена токму на тоа место.

Паркот Бирарија со својата содржина дополнително ќе придонесе за продолжување на традицијата за организирање родендени, собири на граѓани, добротворни акции организирани од страна на невладини организации, школи, градинки и др.институции.

Спонзорирани линкови

makedonija povikuva 300x250
Oglas Grad-Skopje 04
Shopping Medium Rectangle1
Black Up 300x250

Избор на уредникот

ВИДЕО: Крушево од една извонредна перспектива

News image

Bo изминатиов период имавме можност да отидеме и да го снимаме градот на некогашната К...

ВИДЕО: Прекрасни снимки од Скопје кои ќе ве воодушеват

News image

Airview.mk  e компанија која за прв пат во Македонија го промовира воздушното сни...

ВИДЕО: Мајмунчето Лука ги освојува сите посетители на ЗОО

News image

Oмилениот член во скопската Зоолошка градина мајмунчето Лука ги краде погледите и ги о...