istrazi-ja-makedonija
Освежено 23:12:41
Петок, 18 Мај 2012
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Вчера, во ОУ „Гоце Делчев”, свечено беше промовирана новата лабораторија по техничко образование.

dete-usais500

УСАИД и општина Центар преку своите донации помогнаа во опремувањето на лабораторијата. Проектот „Кабинет по техничко образование на 21 век” веќе од следната недела ќе се иплементира во наставата во училиштето.

На отварањето беа присутни претставници од општина Центар, УСАИД, Народна техника, Бирото за развој на образование на Република Македонија, родители и ученици. На овој настан, учениците пред присутните имаа свое излагање преку креативни презентации од повеќе области како: роботика, автоматика, електроника, соларна енергија, и 3Д анимација. Со тоа покажаа дека е зголемен интересот за иновации за техниката и техничкото образование кај младата популација.

Со прифаќање на ваквите новини во техничкото образование се напуштија старите методи и стереотипи.

usaid500

Ова е трета отворена лабораторија во основните училишта на територија на општина Центар, а четириесетта во Република Македонија. Учениците со голема љубов и ентузијазам изминатите два месеци работеа за реализирање на проектот со цел да се осовремени наставата во нивното училиште.

Тие како идни и потенцијални инженери упатија порака дека примерот за нивниот ентузијазам треба да се следи и распространува во сите облици на македонската култура и образование. По излагањето на презентациите, преку панел дискусија присутните гости ги разменија своите искуства и мислења.

banner-vmro-zk-300x250
  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Избор на уредникот

Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие

News image

Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ...

Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање

News image

Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден...

Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром

News image

Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед.

Македонија ќе извезува вино во Кина!

News image

Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од...