Освежено 18:37:07
Сабота, 20 Декември 2014
Вести денес: 78

Град Скопје на вчерашната прес конференција (19.12.2013) го објави списокот на естрадните уметници и програмата со која тие ќе ги забавуваат жителите на главниот град за најлудата ноќ. Калиопи, Тијана, Куку Леле и Мустафа Имери, пишува Вистина.мк.

centar

Во продолжение го пренесува текстот објавен на Вистина.мк

Градските власти решија да им дадат предност на домашните уметници пред оние од бившите ЈУ простори што не беше вообичаено последниве години. Потег за пофалба, знаејќи ја состојбата на домашната естрада, потег кој е уште една коцкичка во мозаикот за заштита, унапредување и стимулирање на домашното творештво. Конечно така тоа го прават соседите со години. Оние чии пејачи децении наназад катанедела ги увезува(в)ме да не забавуваат, вклучувајќви ја и најлудата ноќ. Тие имаа “мрсна“ тезга за едно доаѓање, а ние по стоти пат им се радувавме на нивните  стари хитови. Зашто новите, речиси и да не им ги знаеме. Нови беа само сумите на нивните хонорари. На стара слава, секако!

Годинава градските власти рекоа-стоп! Ново е тоа што овој пат во највеселата ноќ на Плоштадот Македонија нашите нема да бидат само “добро загревање“ за “нивните ѕвезди“.  Ново е тоа што државата ќе направи исто толку добра забава за народот, а ќе заштеди пари. Зошто хонорарите на “нашите“ се далеку помали од хонорарите на “нивните“, а “нашите“ не  се ниту полоши, ниту помалку забавни.  И конечно ново е тоа што истите тие пари ќе останат  во државата, наместо преку ноќ да се одлеат надвор, како досега.

И таман помисливме дека конечно “ни дојде умот“, дека сфативме оти своето е исто толку добро колку и туѓото, само треба да знаеш како да го рекламираш и пласираш… ете ти нов “циркуз во градот“.  Или поточно во центарот на градот. Главниот на државата, секако. А во центарот, паралелна власт-паралелна журка!  Општина Центар организира новогодишен дочек, насловен како Град во градот!  Локација, скверот кај хотел Јадран, или кај повозрасните познат како  “Арапска куќа“. Главни ѕвезди на вечерта  “Прљаво казалиште“! На нецели 50 метри од главнатото новогодишно  збиднување!?   Две прослави на исто место?

Еден таков “летен градски циркуз“ веќе гледавме пред три години во Охрид, кога на Илинден на стадионот Биљанини извори свиреа Бијело дугме, а на 50 метри од нив во исто време концерт имаа Рибља чорба во рамките на охридскиот  Пиво Фест. Тогаш медиумите настанот го нарекоа  концерт за па(м)тење!  Овој пат циркузот е новогодишен. Сценариото исто, мотивот исто така: За инает!  Не на конкуренцијата, туку на политичкиот противник. Нека цркнат. Само што овој пат нема да цркнат душманите, туку граѓаните. Ќе се повтори охридската какофонија од пред некое лето, музичка “калаку*ница“  во која мешањето на звуците од две силни озвучувања на отворен простор на растојание од нецели 50 метри ќе звучи како на македонската метропола да и се случува бомбардирање, а не Нова Година. Хаос за музичарите што свират,  ужас за оние што слушаат. Ама ако! Важно инаетот е голем. Кај оние од “градот во градот“, ли?  Зарем немаше друга локација во центарот на метрополата? Мал ли е градскиот парк, на пример?

z

Настрана приказната за почитувањето, негувањето  и стимулирањето на домашните вредности. До душа ги има и во нивната новогодишна   програма. Само како “добро загревање“.  Каде ли исчезнаа истите тие вредности  од центарот на градот?  Веројатно кај  нас  “сељаците“ од  Ѓорче, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Карпош… и останатите од периферијата кои не сме “од градот“ во градот?  Ама ако. Дури и да е така. И ние и тие од градот во градот сепак не заслуживме место новогодишна журка да добиеме новогодишна музичка тортура. Господа од “градот во градот“, зарем не разбирате дека овој град не заслужува, а и не може да поднесе  “толку секс“ !

Спонзорирани линкови