Општини

Жители на Порој го блокираа патот Тетово-Јажинце

Сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце од 14 часот попладнево е блокиран во двете насоки од жители на село Порој во самото село, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Блокадата е во знак на протест и незадоволство од непреземањето ефективни практични мерки за средување на коритото на реката Порој кои се планирани или ветени или за кои се согласиле и со локалната и со централната власт.