Општини

Заврши традиционалниот турнир во улична кошарка во Росоман

Во Росоман синоќа заврши традиционалниот шести турнир во улична кошарка „Street ball Ros 2017“, во организација на Здружението за спортски активности „Рос-247“. Победник на турнирот беше екипата на „Инел“ од Кавадарци, а второпласирана беше екипата на „Паки–паркети“ од Прилеп. Наградите на најдобрите им ги додели Перо Антиќ.

 

 

– Задоволни сме што на турнирот се пријавија четиринаесет екипи од Кавадарци, Росоман, Прилеп, Кочани и Неготино кои покажаа добра игра и натпреварувачки дух, но и од посетеноста на натпреварите, што јасно говори дека на Росоман му требаат вакви и слични настани, изјавија организаторите на настанот.

Кошарката, како што нагласија организаторите, донесе многу забава, дружење и интересни дуели на новите спортски терени во Росоман.