Општини

Заев, Спасовски и Дамјановски уште молчат, кумановчани продолжуваат да се гушат

За жал, кумановчани продолжуваат да се гушат. Куманово и денес, сабота 18.02.2017 година, е убедливо најзагадениот град во целата држава.

Загаденоста, измерена денеска во 13 часот, е 159 мг/м3, што претставува повеќе од максимално дозволената загаденост.

zagadenost-kumanovo

Цели 27 години СДСМ нема никакво решение за загаденоста на Куманово, која често пати е најголема во Европа.

Цели 27 години режимот на СДСМ ја има апсолутната власт во Куманово, а граѓаните на Куманово за возврат го добиваат најзагадениот и најканцерогениот воздух во државата.

Ги нема со реакција ниту Зоран Заев, Оливер Спасовски и Зоран Дамјановски.

spasovski-zaev-damjanovski-1

Куманово останува симболот на неспособноста на СДСМ да реши макар и еден единствен проблем во овие 27 години.