Општини

Вонреден состанок на Кризниот штаб на Општина Велес

Да се преземат мерките од Здравствениот акциски план за фаза 1 кој предвидува препораки до јавноста со посебен акцент на најранливите групи, како и активирање на општите и специфичните мерки од здраствените, образовните и социјалните установи со цел редуцирање на ризиците, порачува Кризниот штаб на Општина Велес кој заседаваше по најавата за нов студен бран.

sneg-kolovoz

Во најавата што ја испрати Центарот за управување со кризи стои дека регионот на Велес деновиве ќе биде зафатен од екстремно ниски температури што е т.н. жолто ниво или фаза Алерт 1.

Кризниот штаб на Општина Велес препорачува и поактивен пристап кон старите осамени лица, социјално изолираните и бездомниците, обезбедување огрев, храна и лекови, домашни посети од страна на Црвениот крст и вклучување на локалната самоуправа и на центрите за социјални грижи во превентивните мерки.

На состанокот присуствувале претставници од повеќе институции. Договориле да се зголеми нивото на соработка за полесно справување со настанатите ситуации.