Општини

Во Штип излезноста до 17 часот е 57 отсто

Во Штип излезноста на гласачите на Избирачките места до 17 часот е 57 отсто или гласале 24.000 од 42.083 избирачи кои се наоѓаат на Избирачкиот список. Претседателката на ОИК –Штип, Сенка Андреева вели дека најголема излезност има на гласачкото место 22 76, каде што  до 17 часот гласале над 65 отсто од гласачите, кои се евидентирани на избирачкиот список, јавува МИА.

Претседателката на ОИК-Пробиштип, Ана Ѓорѓиева вели дека до 17 часот излезноста е 60,6 отсто. Своето право на глас на Локалните избори можат да го исполнат  од 12. 921 избирач. Таа забележува дека до ОИК немаат пристигнато поплаки или информации за неправилности на 41 избирачки места. Гласачките места се затвараат во 19 часот.