Општини

Во Охрид до 17 часот гласале 52,9 отсто, во Струга 42,1 и во Дебрца 57 отсто од гласачите

Изборниот процес на сите 89 гласачки места на територијата на општина Охрид се одвива непречено, без нерегуларности, а до 17 часот своето право го оствариле 52,9 отсто од гласачите.

Во Струга на гласачките места се појавиле и гласале 42,1 отсто од граѓаните со право на глас. Од ОИК соопштија дека до нив досега не се пристигнати никакви информации за нерегуларности во текот на изборниот процес.

Што се однесува на самиот изборен процес, непречено тој се реализира и во општината Дебрца, каде заклучно со 17 часот гласале 57 отсто од граѓаните.