Општини

Во Крива Паланка одбележан 11-ти Октомври

Со полагање цвеќе на споменикот на борците од Народноослободителната борба пред зградата на локалната самоуправа на општината во Крива Паланка беше одбележан 11-ти Октоври, Денот на народното востание.

Цвеќе положи делегација од општината предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски, делегација од општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ предводена од пратеникот во Собранието на РМ Слаѓана Митовска, делегација од општинскиот Сојуз на борци и бројни граѓани.

– На овој ден се сеќаваме гордо на минатото, на сите Македонци од различни националности кои со пушка во рака се бореле и избориле за заедничката цел-слободата. На денешниот ден им благодариме за она што ни го подариле и почитувајќи ја историјата, порачувам секој ден да ги величаме оние кои ни ја дале слободата и можноста да чекориме со крената глава, рече во обраќањето Славе Јовановски, претседател на Сојузот на борци од Крива Паланка.

Полагање цвеќе и пригодна свеченост се одржа и на споменикот од НОБ во село Луке.