петок, 19. јануари 2018. Вести денес: 1
home Општини

Во Кавадарци ќе се монтираат 33 прочистувачи за воздух во градинката „Рада Поцева“

Во Кавадарци ќе се монтираат 33 прочистувачи за воздух во градинката „Рада Поцева“

Наредната недела, односно во среда, ќе се монтираат 33 прочистувачи на воздух во сите занимални на детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци.

Ова е само мал дел од проектот на градоначалникот Митко Јанчев „За чисто Кавадарци“. Овие прочистувачи се донација од компанијата „Екотип“ од Скопје од брендот „Блу ер“, а инвестицијата изнесува 10.000 евра.

Проектот „За чисто Кавадарци“ започна преку проектот „Мој општинар“ со чистење на сите помали и поголеми диви депонии во општина Кавадарци.

Овие прочистувачи се втора мерка од овој проект, а во иднина следуваат уште акции преку кои ќе се залагаме за почисто Кавадарци.