Општини

Велешките села Раштани и Бузалково ќе добијат чиста вода за пиење

Населените места Раштани и Бузалково во велешко ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем.

 

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција рече дека почнала реализацијата на проектот „Водоснабдување на Раштани и Бузалково“.

– Во текот на вчерашниот ден е објавен јавен повик за изградба кој е предвиден за првата фаза за што локалната самоуправа има издвоено 10 милиони денари од буџетот. Трасата на цевководот ќе изнесува 9,5 километри. Дел од проектот е изграба на препумпна станица, затоа што таа поминува низ карактеристичен предел. Согласно роковите за реализација на тендерската постапка се очекува градежните работи да почнат за еден месец, истакна Чадиев.