среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 2
home Општини

Унгарскиот амбасадор во посета на Кавадарци

Унгарскиот амбасадор во посета на Кавадарци

Унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс и економскиот советник Ервин Сел денеска остварија средба со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, при што разговарале за соработка во повеќе области.

– Како општина имаме добри инфраструктура и потенцијал во земјоделството, винарството, преработувачката индустрија. Разговаравме и во делот на нашата потреба од пречистителна станица. Тие имаат развиена технологија во оваа област, ќе им дадеме податоци за изработка на физибилити студија, така што има шанси со нивна поддршка да дојдеме до ваков проект за третман на отпадни води, изјави Јанчев.

Амбасадорот Дукс, исто така, изрази задоволство од средбата и нагласи дека е разговарано за идни заеднички проекти, меѓу кои и за развој на туризмот.