понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 125
home Општини

Улица во Дојран да се вика „Љубчо Георгиевски“

Под водство на Георгиевски како премиер бил направен градежен зафат за обвнова на шеталиштето во Дојран.
Улица во Дојран да се вика „Љубчо Георгиевски“

Во чест на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, улица во Дојран, треба да го носи неговото име, доколку Советот на општината го прифати предлог на претседавачот, Ристе Џинов.

Според Џинов со именување на улица во Дојран ќе се одбележи придонесот на Георгиевски во ревитализација на Дојранското езеро преку проектот кој беше реализиран во 90-тите години, нивото на водата значително се подигнало.

Под водство на Георгиевски како премиер бил направен градежен зафат за обвнова на шеталиштето во Дојран. На овој начин, според Џинов, Советот на општина Дојран треба да му се оддолжи.