Општини

Тоневски со отчет: Во Пробиштип се реализирани над 160 проекти, од општина со блокирана сметка, станавме лидери во регионот

Градоначалникот на Општина Пробиштип Тони Тоневски даде отчет за сработеното во минативе четири години, тој кажа дека одговорното и транспарентно работење бил еден од неговите главни постулати, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат за што нивните пари се потрешени.

 

-Во овие четири години заедно со сите институции, служби но и со вас граѓаните работевме напорно и посветено, вложивме многу труд за да ја оправдаме добиеаната доверба, успеавме целосно да завршиме повеќе од 160 проекти, најголем дел од нив беа дел од програмата, но и да реализираме голем дел проекти кои не беа во програмата, а беа барани од граѓаните, изјави Тоневски.

Тој кажа дека од општина со блокирана сметка и годишен буџет од околу 20 милиони денари, успеале Пробиштип да ја направат општина со буџет од над 200 милиони денари и лидер во регионот, по број на реализирани проекти, но и по број на реализирани проекти. Тој надополни дека во сите населени места имало инвестиции кои го подобриле живото, највредни биле инвестициите од над 205 милиони денари во патната инфраструктура.

-Од 900 сега имаме повеќе од 1.600 сијалични места, од кои најголем дел се со енергетски ефикасни светилки. Изградивме седум нови водоводи во шест населени места и еден во индустриската зона, изјави Тоневски.

Тој кажа дека меѓу многу проекти кои биле направени биле инвестициите во животната средина, за подобар живот на граѓаните.

-Решавајќи ги најголемите инфраструктурни и комунални проблеми, создадовме услови за поголема посветеност во сите области. Пробиштип доби нов покриен градски пазар, во кој вложивме околу 75 милиони денари, прв пат доби градска капела, Пробиштип доби градски парк, покрај постоечкиот доби и втор плоштад. Домот на културата станува енергетски ефикасен објект, изјави Тоневски.

Тоневски потенцираше дека и децата и постарите добиле катчиња за своите потреби за забава и рекреација. Отчетот е достапен и во печатена и во електронска форма.