петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 119
home Општини

СВР-Битола со јавни пораки за безбедно славење на празниците во градот

СВР-Битола со јавни пораки за безбедно славење на празниците во градот

Секторот за внатрешни работи-Битола со јавни пораки до учесниците во сообраќајот, како и со други поуки до граѓаните, посочуваат како најбезбедно да се прослават претстојните празници.

Од СВР-Битола препорачуваат да не се управува со моторното возило под дејство на алкохол, да не се набавуваат ниту користат пиротехнички средства на јавни и други места, а забрането е и користењето на огнено оружје или гасни пиштоли.

За заштита од кражби во домот или автомобилот, од СВР-Битола препорачуваат домот да биде обезбеден, да не се чуваат пари, накит и други вредни предмети.

– Советуваме внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето слики, места и слично, со што им укажувате на останатите дека моментално не сте дома и станувате лесен плен за кражба. Пред напуштање на вашиот дом, проверете ги куќните апарати, лампи, свеќи и останати апарати или предмети кои можат да предизвикаат пожар, нагласуваат во јавното соопштение од секторот за односи со јавност на СВР-Битола.

Од СВР-Битола очекуваат соработка со граѓаните во функција на граѓанската должност во ситуација ако забележат кривично или прекршочно дело, истото да го пријават на телефонскиот број 192.