Општини

Стефаноски: Шефицата на кабинет на општина Прилеп тешко повреди пешак, а градоначалникот на СДСМ го заташкува случајот

Поминаа 14 дена, а сите молчат за тешката сообраќајна незгода на шефот на кабинетот на градоначалникот, Моника Талеска, обвинува Гоце Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Со нерегистрирано возило, како што читаме на повеќе портали, таа тешко повредила пешак во близина на поликлиниката. Цела Македонија разбра, а само вие слободоумните, транспарентни граѓани и функционери од СДСМ молчите. Дали сте вие истите борци за правда? Дали сте вие луѓето што ветуваа живот за сите? Дали вие шарени револуционери видовте дека настанот го нема ниту во билтенот од новото МВР? Каде се ренген снимките од тешкоповредената пациентка? Дали Илија Јовановски уште вечерта вршел притисок во МВР и во градската болница Прилеп за овој случај да биде заташкан, а повредите релативизирани? Дали вие Илија Јовановски сте организатор на секојдневниот терор врз пациентот и фамилијата нудејќи им работни места и оштета во кеш за да се сокрие ова дело? Редно е да одговорите на овие прашања пред народот во Прилеп, порача Стефаноски.

Тој им порача на граѓаните на Прилеп дека новата локална власт е заштитник на тешки кривични дела. Го повикаа и Џабир Дерала, кој инаку и е колега на Моника Талеска, да се произнесе за оваа несреќа која можела да заврши и со човечка жртва.