петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Општини

Сопственикот на запалениот прилепски кафе бар: Лицето кое ми го запали објектот бараше рекет и се закануваше со “важни“ луѓе

Прво упорно барал средби, а потоа наредил него и уште 20-тина луѓе да ги служат храна и пијалок без да платат за истите.
Сопственикот на запалениот прилепски кафе бар: Лицето кое ми го запали објектот бараше рекет и се закануваше со “важни“ луѓе

Сопственикот на опожарениот „The Gallery House Pub“ тврди дека лицето кое му го запалило објектот, претходно барало рекет од него.

Прво упорно барал средби, а потоа наредил него и уште 20-тина луѓе да ги служат храна и пијалок без да платат за истите.

-Детево упорно 4-5 пати инсистира да се видиме тогаш. Јас му велам „Не може, треба да се видиме на 2-ри јануари“. Лицето тогаш ми се претставува кое е, Никола Трајковски мислам, Коколо што се вика, и ми вика дека од денеска морам 20-25 души секој ден да им наместам маса да јадат и да пијат без пари, дека се ќе биде на мој трошок, дека чека од важни луѓе дозвола да го рекетирал цел град и дека од денеска ништо нема да биде исто, истакна тој.

Видеото го објави телевизија Канал Визија, а под него е напишан и еден коментар од граѓанин кој гласи:

„Очигледно е. Народот има кратко помнење. Заборавил на практиката на владеење на СДСМ – пот и камшик за народот. Рекет за стопанствениците и формирање на елита која ќе решава за живот и смрт на секој граѓанин“.

Ноќта пред нова година, за неполн половина час ништо не остана од елитното Кафуле Галери хаус паб, лоцирано во најстрогиот центар во Прилеп, откако истото, нешто околу 3.30 часот утрината било зафатено од силен пожар.

Огнената стихија предизвикала поголеми оштетувања и на околните објекти кои се збиени еден до друг.

Првичната штета се проценува на над 200.000 евра. Кафе-барот неодамна беше целосно реновиран.

Лицето Н.Т.  претходно било забележано од чуварската служба како носи канта со непозната течност, која ја истурил, ја запалил и побегнал.