Општини

Со уреден двор, училници и прекрасен амбиент, музичкото училиште од Прилеп ги дочека новите ученици (ФОТО)

Градоначалникот Марјан Ристески и Советникот за образование Марјан Матракоски денеска го посетија ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп каде беа завршени повеќе инфраструктурни зафати како што се: реконструкцијата на задниот дел од фасадата на училиштето, која е енергетски ефикасна, се реконструираа исто така и дел од училниците, а се уреди и дворот во училиштето.

„Ова е еден од последните проекти за комплетна реконструкција на училиштето. Ова училиште небеше реконструирано од далечната 1923 година, значи скоро цел еден век. За 10-тина години музичкото училиште има ново руво и ова е комплетна реконструкција од самиот темел на оваа установа. Понатаму ќе се инвестира во обновување на дел од инструментите и инвентарот во училиштето“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

„Од 2005 година па се до денес во нашето училиште се вложени околу 7 милиони денари, од кои само во последните 2 години се вложени над 5 милиони денари. Голема благодарност до локалната самоуправа, Советот на Општината и секако градоначалникот Марјан Ристески кои ни даваат безрезервна поддршка за реализирање на сите овие проекти. Нашето училиште доста успешно се претставува на државни и меѓународни натпревари и минатата година нашите ученици и ментори освоија над 70 државни и меѓународни награди. А се надевам дека во иднина со подобрување на условите за работа ќе остваруваме уште поголеми резултати“, посочи Игор Николоски, директор на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ Прилеп.

Оваа најнова инвестиција изнесува околу 600.000 денари.