Општини

Штипска Пaстрамалијада 2017- еве кој ќе настапува

Општината Штип како организатор на манифестацијата „Пастрмалијада“, ја затвори програмата со учесници, односно забавувачи.

 

Пастрмалијада 2017 ќе се одржи на 15, 16 и 17-ти септември.

Првиот ден ќе настапат Сузана Спасовска и Академци, потоа групите „Галија“ од Србија и „Кикимора“ од Бугарија.

Вториот ден 16-ти септември, програмата ќе ја отвори, „Есма бенд“, за забавата да ја надополнат „Дивље Јагоде“ од Босна и Херцеговина, и крешчендото таа вечер ќе треба да го направи Фахрета Јахиќ-Живојиновиќ, попозната како Лепа Брена.

Последниот ден програмата ќе ја отвори извонредната македонска група „Тоа е Тоа“, па потоа следува настапот на Тања Савиќ од Србија и на крај гостинката од Сплит Република Хрватска- Јелена Розга.

За време на тие три дена се очекува да бидат изедени над 100.000 пастрмалии.