Општини

Се асфалтира патниот правец Рапеш – Старавина

Општина Новаци денеска почна со асфалтирање на патниот правец Рапеш – Старавина во Мариово. Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од Владата на Република Македонија, изјави градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

– Патниот правец Рапеш – Старавина во Мариово има вкупна должина од 12 км. Претходно беа асфалтирани два км, а сега асфалтираме уште 4,5 км и очекуваме да обезбедиме средства да го завршиме асфалтирањето на целиот патен правец. Се надевам дека тоа ќе биде завршено во најбрзо време затоа што овој патен правец е единствениот неасфалтиран, а е регионален што се наоѓа на наша територија, истакна Котевски.

За целосна реконструкција и асфалтирање на патот ќе останат уште осум километри, информираа од општина Новаци.