Општини

Санација на „Боров мост“ во облешевско поле

За време на поплавите кои ја зафатија општина Чешиново-Облешево минатата година, предизвикани беа значителни оштетувања на поголемиот дел од мостовите и пристапните патишта до земјоделските обработливи површини.

borov most

Санирањето на оштетувањата се врши етапно според одпаред утврдената динамика на активности.

– Денес ги започнавме активностите за санирање на земјоделскиот премин познат како „Боров мост“ во атарот на Облешевско поле. Санирањето на овој премин е од особено значење за земјоделците од општина Чешиново – Облешево кои изминатиов период беа приморани да бараат други алтернативни премини за да стигнат до своите ниви, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново – Облешево.

Снацијата на мостот се реализира со средства од Буџетот на општината наменети за изградба и реконструкција на полски патишта во населените места на општината.