четврток, 22. февруари 2018. Вести денес: 0
home Општини

Ресен без струја, непроодни патишта и затрупани улици

Ресен без струја, непроодни патишта и затрупани улици

Југозападна Македонија без струја. Ресен и ресенско први на удар на снегот кој во февруари ги „изненади“ државните претпријатија.

Македонија пат повеќе од 24 часа ги нема исчистено патиштата во југозападниот дел од државата. Снег паѓа повеќе од 24 часа, а државните претпријатија за одржување на патиштата не преземаат ништо.

Натрупаниот и неисчистен снег ги остави ресенските села повеќе од 20 часа без струја, додека струја во градот нема веќе 7 часа.

Селата во ресенско се без струја поради паднат далекувод на МЕПСО.

Екипи на претпријатието се уште не се излезени на терен. Жителите се исплашени дека без струја можат да останат и неколку дена.

Ресен денеска се повеќе наликува на град близу до северниот пол. Локалните власти немаат исчистено ниту една улица, ниту тие во централното градско подрачје не се исчистени.

Напојувањето со електрична енергија е прекината и во општина Дебарца и во реканскиот регион.