петок, 16. ноември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Ресен без струја, непроодни патишта и затрупани улици – Властите се уште не излегле на терен (ФОТО)

Ресен без струја, непроодни патишта и затрупани улици – Властите се уште не излегле на терен (ФОТО)

Југозападна Македонија непроодна од снегот од 10 сантимери кој во февруари ја „изненадена“ Македонија пат и владата. Ресен и ресенско се отсечени скоро 24 часа од остатокот на државаата. Снегот искорнал неколку бандери од системот за дистрибуција на електрична, по што ресенските села се оставени повеќе од 20 часа без електрична енергија, а самиот град е повеќе од 8 часа без струја.

Од снимките кои дојдоа до нашата редакција се гледа дека Македонија во текот на ноќта го нема чистено влезовите на Ресен од двете страни на градот. Локалната самоуправа ги нема исчистено улиците и еден ден по врнежите, а граѓаните возат по коловози со снег.

Информации од терен говорат дека селата во ресенско се без струја поради паднат далекувод на МЕПСО, додека во градот прекин има поради паднати бандери. Екипи на претпријатието според наши информации сеуште не се излезени на терен. Жителите се исплашени дека без струја можат да останат и неколку дена.

Ресен денеска се повеќе наликува на град близу до северниот пол.  Напојувањето со електрична енергија е прекината и во општина Дебарца и во реканскиот регион.