Општини

Расцветаа Јапонските цреши засадени во чест на Тоше Проески

Со доаѓањето на пролетта, расцветаа 26-те Јапонски цреши кои беа засадени во чест на поп иконата Тоше Проески.

Иницијативата започна кон крајот на 2009 година, во чест на прерано загинатата македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески, во 32 града во Македонија, беа засадени по 26 јапонски цреши. На локалните власти им беше оставено да го одберат местото. Од многуте простори кои биле предложени, бил одбран центарот на Прилеп на плоштадот „Александрија“, цветната улица како и старата прилепска чаршија.

1cresi

Јапонските цреши создаваат идилична атмосвера и претставуваат еден прекрасен декор во централното градско подрачје кои вечно ќе потсетува на неговото големо дело.

2cresi

Бројот на дрвјата што беа засадени ги одбележува годините на Проески, кој на 26- годишна возраст загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.