петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 119
home Општини

Прво па машко: Денеска во Охрид се роди првото бебе во Новата 2018

Првото бебе во Новата 2018 година во Охрид се роди денеска и е машко. 
Прво па машко: Денеска во Охрид се роди првото бебе во Новата 2018

Доктор Мимоза Влаши, гинеколог акушер при Гинеколошкото одделение во охридската Општа болница истакна дека мајката Катерина Глигороска и новороденчето се во добра општа состојба. Глигороска е мајка на уште две деца.

– Спонтано породување, бебето е со тежина од 3.520 грама и 51 сантиметри долго. Денес имаме и второ новороденче, женско, повторно од мајка која има уште две деца, донесено на свет со царски рез и е во добра состојба. Целиот тим им посакува на новороденчињата добро здравје, среќа и долг живот, рече Влаши.