сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 39
home Општини

Прво бебе во Велес: По три сина, роди ќерка

Прво бебе во Велес: По три сина, роди ќерка

На Гинеколошко – акушерското одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес вчера попладне во 16:55 минути се роди првото бебе во Новата 2018 година. Тоа е женско и е четврто дете на родилката Алиова Наиме од Горно Јаболчиште.

Породувањето го водела специјалист гениколог акушер доктор Соња Димова, со тимот акушерки и сестри.

Според информацијата од тимот кој ја породувал жената, бебето се родило по природен пат, а и бебето и мајката се во добра здраствена состојба. Бебето е тешко два килограми и 960 грама и долго 50 сантиметри.

На родилката ова и е прво женско дете, а таа досега родила три сина кои имаат шест, четири и три години.

Во 2017 година велешката општа болница се родиле 649 бебиња што е помалку за две споредено со 2016 година кога се родило 651 бебе.

За евиденција во 2015  се родиле најмногу или  815, во 2014-739, во 2013-749, во 2012-789 и во 2011 -720 бебиња. За споредба пред дваесетина години во велешката Општа болница се раѓаа и по илјада бебиња годишно.