Општини

После ифтар ги пополнија дупките со камења, гестот на тетовчани е порака до Теута Арифи (ФОТО)

Жителите на ова населба не ја губат надежта дека ќе дојдат подобри времиња дури и за овој дел од градот околу реката Пена, и дека на некој ќе му падне на ум дека и овој дел треба да се среди.

Жители од населбата Сами Фрашери во Тетово, по традиционалната ифтар вечера, на организиран начин со самофинансирање, без помош од државните институции почнаа со санација на дупките  на улиците во оваа населба која што долго време е заборавена од тетовските градоначалници, јавуваат албанските медиуми.