Општини

Помош од Воената академија и АРМ за Дневниот центар за лица со посебни потреби од Неготино

Воената академија и АРМ редовно му помагаат на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Порака” од Неготино, информираше денеска Валентина Тасева, раководител во Центарот.

Таа соопшти дека традиционалната соработка продолжила и за време на летниот камп 2017, кој деновиве беше организиран од страна на Академијата и Армијата во Пепелиште, а на кој учествуваа претставници од 12 земји.

– Традиционално неколку години наназад се дружиме со питомците и со студентите од Воената академија заедно со нашите корисници. Еднодневната маренда што тие ја донираа за нашите корисници во моментов се користи за лицата кои го посетуваат дневниот центар, но и оние кои се дел од станбените единици кои функционираат во рамките на „Порака”, а се дел од проектот за деинституционализација во Македонија, соопшти Тасева.

Питомците и студентите од Воената академија, како што додаде, им донирале и пластични шишиња кои од страна на корисниците на услугите на дневниот центар, ќе бидат подготвени за рециклажа и продадени.