Општини

Паноски: Состојбата со езерото е далеку од еколошка катасторфа

Екологистот Дејан Паноски гостувајќи во емисијата ”Под лупа” кажа дека медиумските извештаи во кои се користи терминот еколошка катастрофа, се преусилени и дека состојбата со Охридско езеро е далеку од еколошка катастрофа.

паноски

Овде предизвикан е проблем, но според мене далеку е од еколошка катастрофа и такви називи. Не би оперирал со такви називи, токму заради оној природен тек на езерото кој го напоменав претходно но во секој случај се работи за проблеми со ова и вакво управување. Неверувам , но доколку науката открие дека ова управување нанело штета на езерото нормално е да побараме одговорност – рече Паноски.

Тој се осврна и на научните институции во Охрид за кои оцени дека молчат.

– Без гласот на науката изгубени сме сите. Науката ни молчи ! Науката е една институција како ”Хидробиолошки” , како што е ”Управата за културно наследство”… Наместо науката да командува со овој град. Исто така и оние кои се појавуваат трбеа да кажат, луѓе имаме проблем, ево ги студиите што ги напишавме … – рече Паноски.

Овие изјави на Паноски уследуваат од како јавноста со месеци е заплисната од медиумски извештаи засновани на објави на Фејсбук страната на Охрид ЅОЅ ( предводена од извесен Фидан Зулфи ), и гостувања на телевизии на лица кои после секое нивно појавување пред камери заземаат политичка страна, оперираат со податоци од ракав, притоа креирајќи во јавноста слика дека екологијата во Охрид е сведена на Фејсбук статуси , навреди и небулозни барања.

Дејан Паноски беше прв кој во јавноста се огради и побара несериозни лица да не го рушат реномето и да не наштетуваат на еколошката борба, од како Охрид ЅОЅ се најде во средина на скандали, кога новиот лидер Фидан Зулфи побара од членовите да кажат каде ги потрошиле парите кои им ги дале ( не наведувајќи кој им ги дал ).