среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 2
home Општини

Општина Кавадарци бара млади лица со цел зајакнување на Секторот за локален економски развој

Општина Кавадарци бара млади лица со цел зајакнување на Секторот за локален економски развој

Врз основа на член 22 став 1 точка 3 од Законот за Локалната Самоуправа ( Сл. Весник на РМ,, бр.05/02) градоначалникот на општина Кавадарци  објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К за изразување на интерес на млади лица  за  запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на општина Кавадарци и вклучување во активностите на секторот

Општина Кавадарци со цел да го промовира и зајакне работењето на Секторот за Локален Економски Развој ги повикува  да изразат интерес, сите лица од општина Кавадарци кои ги исполнуваат следниве критериуми:

-Завршено универзитетско образование од следниве области ( економски, правни и општествени науки)

-Познавање на англиски јазик минимум ниво Ц1

-Познавање во изработка на проектни апликации

Заинтересираните кандидати да  ги достават следниве документи :

-Кратка биографија

– Мотивационо писмо ( не подолго од една страна)

Пријавата заедно  со бараните документи да се достават  во затворен плик со назнака „Јавен Повик- Сектор ЛЕР“ во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 16 Февруари 2018 година  до 16 часот. Пријавите пристигнати по наведениот рок нема да се разгледуваат.

По разгледување на пријавите  кандидатите ќе бидат повикани на разговор.