Општини

Општина Чешиново Облешево: Наплата на данок на имот од граѓаните со 118 проценти

Данок на имот од граѓаните во општина Чешиново Облешево е реализиран со 118 отсто, данокот на имот од правни лица со 685 и  комуналната такса за фирмарина е реализирана со 45 проценти. информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на оваа општина Костадин Личков.

cesinovo oblesevo

Тој додаде дека комунална такса за користење улици со патнички товарни возила е наплатена во вкупен износ од 550 илјади денари. Данокот на промет на недвижности е наплатен во вкупен износ од 1.427.357,00 денари по изготвени 322 решенија.

Данокот на наследство и подарок е пресметан и наплатен во вкупен  износ од 264.143,00 денари по утврдени 166 решенија од кои во  дел од решенијата обврзниците се ослободени од плаќање данок на наследство и подарок.

Административни такси во 2016 година, како што информираше, се наплатени во вкупен износ   од  340.078 денари. Камата на ненавремено платена комунална такса е наплатена на износ од  6.041 денари.

Според него, изготвени се три облога  и  даночни решенија по нив, Облог за Комунална такса  за  фирма  и  годишни решенија за 182 обврзника  во  вкупен износ од  884.000 денари, Облог за Данoк на имот на правни лица за  и годишни решенија за 40 обврзници во вкупен износ од  153.422 денари и Облог за Данок на имот на физички лица и годишни решенија за 2.128 даночни обврзници во вкупен износ од  804.579 денари. Заедно со решенијата за 2016 година се изготвени и воедно се доставени и опомени за неплатените долгови на даночните обврзници и тоа по основ на комунална такса за фирма 128 и 1.774 опомени по основ на данок на имот

Личков наведе дека во тек е ажурирање на податоците од Централниот регистар и од даночните пријави за нови и за ликвидирани фирми, а за ново изградените  и доградени објекти кои се пријавуваат или откриваат се изготвуваат записници и се прават проценки на пазарната вредност која што ќе  претставува даночни основици за утврдување на Данок на имот. Изготвен е и Повик до граѓаните и до фирмите за да ги измират своите долгови спрема Општина Чешиново-Облешево.