Општини

Обнова на улици во населбата Баби во Штип

Во штипската населба „Баби“ почна реконструкцијата на улицата „Кирил Пејчиновиќ“. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Игне Иванов на денешната прес-конференција дека ќе се асфалтираат 3.900 метри квадратни.

– Инвестицијата е околу 730.000 денари без ДДВ. Граѓаните кои живеат на оваа улица ќе добијат нов асфалт и овие ударни дупки кои што ги имавме и со кои имаа проблеми возачите веќе ќе ги немаат, рече Иванов.

Тој најави дека во наредните денови ќе почне и асфалтирањето на локалниот пат до село Кошево во должина од километар, а компанијата „Актива“ работи и на обиколницата, која поминува преку реката Брегалница, а води  кон индустрискиот дел на градот.

– Веќе се поставуваат стопите на новиот мост на реката Брегалница, се асфалтира и патот кон Новакова чешма, а ќе се асфалтираат и околу десетина помали улички во населбата „Света Недела, рече Иванов.

Општина Штип има и тендерски постапки и за уште неколку улици во централното градско подрачје, кои треба ад се реализираат до крајот на градежната сезона.