среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 120
home Општини

Новогодишна честитка од градоначалникот на Општина Кавадарци Јанчев

Новогодишна честитка од градоначалникот на Општина Кавадарци Јанчев

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници упати честитка, во која најискрено им посака здравје, среќа, радост и убави желби, за личен план и просперитет на Кавадарци.

-Да заборавиме на сите моменти кои ги предизвикале тага и незадоволство. Да се сеќаваме на оваа година како на уште едно искуство кое ни го нуди животот и ни дава сила за понатаму. Новиот почеток значи нови желби и предизивици, значи дека ќе треба да разбудиме нови амбиции кои ќе ни бидат водилка кон нови успеси. Во новата година ќе си ставиме пред себе една цел со која ќе треба да стигнеме сите заедно од една единствена причина, Кавадарци да стане едно убаво место за живеење, нагласи Јанчев.