Општини

Нови инвестиции во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп

Во СОУ „Ѓорче Петров“ во општина Приелп во тек се неколку градежни зафати со кои ќе се подобрат условите за работа.

„И оваа година за време на летниот период додека трае колективниот одмор на наставниците и распустот на учениците, ние направивме неколку градежни зафати во СОУ „Ѓорче Петров“. Го направивме овој прекрасен ходник од мермер, кој што е донација од прилепските фирми кои произведуваат мермер, го оспособуваме кабинетот за потребите на здравствената струка кој е донација од германската амбасада, ги сменивме вратите од санитарните јазли, а во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на општина Прилеп без чии средства немаше да бидат завршени дел од активностите во нашето училиште, посочи Дејан Димоски директор на СОУ „Ѓорче Петров“.

Градоначалникот Марјан Ристески при посетата на ова средно училиште, посочи :

„Ние продолжуваме со активностите во средното медицинско училиште, како следен проект е поставување на термоизолациона фасада на училишната зграда, уредување на изгледот на училиштето и комплетно доуредување на работилниците во дворот“.

Во ова училиште се инвестирани повеќе од милион евра за подобри услови за учење и работа на сите кои се дел од училиштето.