Општини

Навреме и непречено почна гласањето во Прилеп и Крушево

Точно навреме, во 7 часот, се отворени 142-те избирачки места во Прилеп и гласањето почна непречено, изјави за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија во Прилеп, Каролина Шукуроска.

На локалните избори денеска во Прилеп своето право на глас може да го остварат 64 924 избирачи.

Навремено и непречено почна гласањето и во Крушево, каде на 22 избирачки места денеска гласаат 8064 граѓани со право на глас, во општина Долнени на 40 гласачки места ќе гласаат 11 520 избирачи, а во општина Кривогаштани на 13 избирачки места денеска своето право на глас може да го остваруваат 4858 избирачи, информираат од општинските изборни комисии.