Општини

Мнозинството избра претседавач на Совет во Чешиново Облешево, СДСМ ги повлече советниците и администрацијата

И покрај сите притисоци и опструкции од страна на централните власти и новиот градоначалник на Чешиново Облешево, сепак конститутивната седница на Советот е завршена.

Избран за претседавач на Советот е Васе Анакиев од Коалицијата „За подобра Македонија“. Анакиев беше поддржан и од Љупчо Максимов од НДМ.

Формирани се и комисии при Совет на општината.

Откако на градоначалникот од редовите на СДСМ, Горан Крстев му станало јасно дека ниту со притисоци и опструкции нема да може да биде избран претседавач од неговата партија, тој ги повлекол советниците на СДСМ, како и службениците од општинската администрација што е надвор од сите законски и демократски норми.