Општини

Куманово синоќа беше најзагаден град во Европа поради 27 години неспособност на СДСМ, Заев, Спасовски и Дамјановски

Кумановци вчера дишеа отров, а Куманово беше убедливо најзагадениот град во Европа.

 

spasovski-zaev-damjanovski-1

Загаденоста на 28.02.2017 година (вторник) во 01:00 часот беше фрапантни 324 mg/m3, а максималната дозволена загаденост е 50 mg/m3. Со години и со месеци нема никаква реакција од Зоран Заев, Оливер Спасовски и Зоран Дамјановски.

Режимот на СДСМ ја има апсолутната власт во Куманово веќе 27 години, а граѓаните на Куманово за возврат го дишат најзагадениот воздух во Европа, полн со отрови и канцерогени материи.

Ги нема никаде ниту професионалните НВО платеници на Сорос кои воопшто не се грижат за здравјето на Кумановци. Ја нема ниту гасификацијата за која со години СДСМ ги лаже граѓаните.

За СДСМ и Сорос како да не постојат сите деца, болни и измоштени лица кои имаат тешки последици за нивното здравје поради неспособноста на СДСМ, Зоран Заев и неговите послушници во Куманово.