Општини

Куманово денес е убедливо најзагадениот град во Македонија, СДСМ без мерки иако 27 години има апсолутна власт

Денес, на 07.02.2017 година (вторник), во 12:00 часот Куманово е убедливо најзагадениот град во Македонија.

spasovski-zaev-damjanovski

Загадувањето во Куманово е многу лошо, дури и поголемо од Скопје кое има 600.000 жители.

Загаденоста во Куманово во 12 часот изнесуваше 114 мг / м3. Исто така, Куманово е директен пример и доказ дека СДСМ нема никакви решенија за загадувањето, затоа сто СДСМ ја има апсолутната локална власт цели 27 години.

Нема никаква реакција од првите луѓе на СДСМ Зоран Заев и Оливер Спасовски, кој долги години беше секретар на општина Куманово, како и градоначалникот Зоран Дамјановски.

Нема ништо ни од гасификацијата со која се фалат и профитираат со години. Додека Куманово се гуши и тивко умира, ги нема со реакција ниту дебело платените НВО активисти на Сорос.