Општини

Кочанските пензионери заинтересирани за бањско-климатска рекреација и одмор

Членовите на Здружението на пензионери на Кочани минатата година пројавиле голем интерес за користење на мерката бесплатно бањско и климатско лекување и одмор.

3333
Овие две мерки досега ги искористиле 242 членови, од кои 150 пензионери ја користеле мерката бањско и климатско лекување додека 92 членови мерката бесплатен викенд одмор. Во споредба со предходната година интересот е зголемен за 30 проценти.
-Интересот и годинава е голем.Од нашето здружение имаме издадено потврди на сите заинтересирани пензионери кои сакаат да ги користат овие две мерки на Владата, ни изјави Горги Серафимов, претседател на ЗП Кочани.
Што се однесува до изградбата на  регионалниот дом за стари лица во кој сместување ке најдат и пензионерите од соседните општини Виница, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево и Берово, Серафимов со информација дека тој е влезен во програмата за градба во наредните четири години по пат на приватно јавно партнерство.
За оваа намена општина Кочани  ја обезбеди бесплатно локацијата со платени комуналии на површина од 6.000 метри квадратни ,со обезбедена водоводна, канализација…, а наскоро ќе биде реализирана и фазата од донесување на геотермална вода на плацот каде што ке се гради идниот регионален пензионерски дом.