Општини

Изложба на дела од 17. ликовна колонија „Нижополе“ во Прилеп

Изложба на дела од 17. ликовна колонија „Нижополе“ вечер ќе биде отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

На изложбата ќе бидат претстанавени 20 дела од 20 уметници од Македонија и од странство, кои твореа на Пелистер во јули 2016 година.

Прилепските љубители на уметноста ќе имаат можност да ги видат делата што ги создадоа Павле Кузманоски, Данчо Ордев, Илија Кочоски, Владимир Темков, Ниче Василев, Андријана Мациев од Македонија, Лукаш Зедлевски од Полска, Ивана Кики Јаковлевиќ и Драгана Тошиќ од Србија, Емилија Варбанова и Арт Сил од Бугарија.