Општини

Градоначалникот на Новаци со отчетност до граѓаните: Остваривме голем број на проекти кои не беа предвидени во изборната програма

Како и во моите претходни два мандати така и во третиот работев напорно со цел да ги задоволам потребите на граѓаните на општина Новаци  и со цел да го остварам зацртаното од мојата изборна програма, ова денеска во својот отчет го истакна градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

-Во изминатите четири години заедно со советот и администрацијата работевме општина Новаци да стане урбана општина, тоа беа динамични години исполнети со проекти кои се значајни за нашата општина. Остваривме голем број на проекти, но се остварија и голем дел на проекти кои не беа планирани во мојата програма. Општина Новаци во изминатиов период реализираше околу 480 проекти во делот на образование, култура, спортот истакна Котевски.

Тој истакна и дека во иднина треба да се завршат започнатите проекти, целиот отчет на градоначалникот погледнете го во видеото.