петок, 16. ноември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Градоначалникот на Дебар набавил џип од 50.000 евра, му било “неопходно“

Градоначалникот Ружди Љата рекол дека возилото е неопходно за теренска работа, а дека старото службено возило веќе застарело и е неадекватно.
Градоначалникот на Дебар набавил џип од 50.000 евра, му било “неопходно“

Општина Дебар купила џип вреден 50.000 евра како службено возило.

Според објавениот договор, дел од медиумите пишуваат дека општината го купила возилото „folksvagen tiguan“.

Градоначалникот Ружди Љата рекол дека возилото е неопходно за теренска работа, а дека старото службено возило веќе застарело и е неадекватно.

-Возилото е набавено по сите законски прописи и неопходно е за општината. Избрано е возило со најниска понудена цена. Ова возило јас нема да го користам, јас нема да го возам, но тоа е за потребите на општината. Знаете како е во Дебар, рекол Љата.