Општини

Гласач во Прилеп затекнал три празни ливчиња зад параванот

Еден гласач денеска на гласачкото место 1376 во ОУ „Блаже Конески“ во Прилеп зад параванот, затекнал 3 гласачки ливчиња со печат, на кои се уште никој не гласал.

Гласачот веднаш интервенирал кај  членовите на избирачкиот одбор кој го прекинал гласањето и ја известил Општинската изборна комисија. ОИК  извршила увид на ова избирачко место.

Во Прилеп изборниот процестече без други видливи проблеми. Според избирачките одбори, евидентна е помала излезност во однос на вонредните парламентарни избори во декември.

Според последните информации од ДИК, до 14 часот во Прилеп излезноста е 35,74 отсто.